Женскиот рекорд во брзинско качување
Русинката Јулиа Каплина успеа да го собори нејзиното најдобро лично време, а со тоа да го постави и новиот рекорд во брзинско качување во финалето на Светскиот куп во спортско качување во Вујианг.
Во финалето за противник Каплина ја имаше сонародничката Марија Красавина, а 15 метарскиот ѕид наменет за брзинско качување таа успеа да го искачи за 7,85 секунди
Подолу ќе го погледнете моменталниот рекорд во машка категорија во брзинско кој изнесува 5,88 секунди, а го држи Русинот Евгени Ваитчековски.