Наслов

Здравко Дејановиќ на Анапурна I - *ажурирано

Во текот на денешниот ден, 24.03.2015 година Здравко Дејановиќ како дел од мешана експедиција успеа да ја искачи Анапурна I, највисокиот врв од масивот Анапурна и 10тата по ред осум-илјадарка. 

Во изјава на Темба Шерпа кој е дел од тимот на Мингма Шерпа водичот на мешаната експедиција која оваа година тргна нешто порано од стандардното време за искачување на Анапурна, се вели дека:

„Сите членови на групата и Шерпа водичот се успешно искачени на врвот Анапурна I висок 8,091 м.н.в.” 

Ова е трет врв повисок од 8000 метри кој Здравко Дејановиќ го има качено после Еверест и К2 (минатата година), а тој е првиот Македонец и меѓу малкуте балканци кои успале да го искачат Анапурна 1. 

Последната информација на официјалниот блог на експедицијата Dreamers Destination во која учествуваше Здравко Дејановиќ на искачувањето на Анапурна вели дека тимот ги искористил стабилните временски услови и снег во пред-пролетната сезона и ова попладне се беа искачиле вкупно 13 алпинисти.

Во 14.30 часот по локално време седум членови на експедицијата и шест Шерпаси се искачија на врвот, потврдува Темба Шерпа. Подоле следи целата листа превземена од сајтот. 

1. Zhang Liang (China)
2. A Zhong (China)
3. Mrs Jing Xue (China)
4. Samuli Mansikka (Finland)
5. Muharrem Aydin Irmak (Turkey)
6. Zdravko Dejanovic (Macedonia)
7. Reza Shahlaee (Iran)
8. Mingma G. Sherpa (Nepal - expedition leader)
9. Anggeli Sherpa (Nepal)
10. gimaongchu Sherpa (Nepal)
11. Pemba (Nepal)
12. Kazi Sherpa (Nepal)
13. Nima Gyalzen Sherpa (Nepal)

Се очекува екипата да стигне во Катманду на 28 март. 

24 Март 2015

За авторот