Започна пријавувањето за Струмина Треил 2015

Протегнете нозе и запишете уште една планинска трка на вашиот календар. На 15 ноември ќе се одржи второто издание на Струмина Треил во околината на Штип.

Второто издание на Струмина Треил ќе се одржи на 15.11.2015. Стартот е закажан пред медицинското училиште „Јане Сандански” во 10:00. Стартнината изнесува 100 денари.

За првите тројца следуваат медали, а за првите тројца по возрасни категории следуваат дипломи. Останатите ќе добијат диплома во електронска верзија.

Патеката е со должина од 19км со 630м +Д. Има окрепен пункт во селото Липов Дол на 9тиот километар, а попатно се минува покрај неколку чешми и тоа Струмина на 2.8км, Љупчова на 7.1км и Куртбунар на 17.5км.

Пријавувањето е во тек и трае до 10ти ноември. Можете да се пријавите на следниот ЛИНК.

Погледнете како си поминавме лани:

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија