Заборавената скијачка убавина на Галичица
Само што си рековме дека е веќе доста од одлични скијачки авантури и видеа за оваа година, снимено од страна на неколку наши фрирајд љубители и одлична продукциска екипа, во оптег беше пуштено краткото видео насловено како „Заборавената убавина” – Фрирајд во националниот парк Галичица – фантастичното видео со скијање на неколку кулоари под врвот Магаро и неверојатно скијање на зајдисонце.
Видеото е во продукција на Стојан Стојаноски 2S – продукција заедно со SkiMacedonia a позади скиите и бордот се нашите Мики и Златко.
Одлично видео кое ги отсликува зимските авантуристички потенцијали на планината Галичица.
Уживајте!