Наслов

За Шерпасите

По лавината која 18ти април го направи најтрагичниот ден во историјата на Еверест одземајќи ги душите на 16 шерпаски носачи, група на познати фотографи започнуваат обид за собирање донации преку продавање на своите дела.

Групата фотографи Џими Чин, Џејмс Балог, Кори Ричардс, Ренан Озтурк, Теру Кавајама, Пит МекБриџ, Гордон Вилтси, Енди Бардон, Роб Кендрик и Макс Лов се луѓе кои што своевремено работеле со Шерпасите во некои од нивните проектите на Еверест.

Тие се длабоко потресени од трагедијата која се случи сабајлето на 18 април во која животите ги изгубија 16 шерпаси, па започнуваат собирање на парични средства преку продавање на свои познати дела со мотиви од Еверест и шерпаската заедница. 

Секоја фотографија стартува со цена од 100 долари, а сите средства собрани преку овие донации ќе бидат распоредени во шерпаската заедница од Кумбу регионот, 50 проценти ќе одат за засегнатите фамилии со трагедијата, останатите 50 за долготрајна поддршка на регионот. 

Повеќе тука

25 Април 2014

За авторот