Наслов

Во недела ќе се трча на плажите во Дојран

Продолжува карванот трки на 5 километри со третата трка од серијата, овој викенд во Дојран.

Во недела на 17 јули, близу двесте учесници на трките покрај плажа Beach Run 2016, кои се одржуваат на пет локации низ Македонија ова лето, ќе трчаат на брегот на Дојранското Езеро.

Стартот е закажан за 18 часот Под јаворите во Стар Дојран, а покрај досегашните учесници од трките во Скопје и Претор, за учество можат да се пријават сите оние кои сакаат да трчаат на трката на 5 километри, а кои ќе бидат или можат да дојдат во Дојран овој викенд.

По двете истрчани трки во Скопје и Претор на кои учествуваше и македонската атлетска елита, на табелата првите три позиции ги држат, во женска конкуренција Марија Стојановска, Весна Кираџиева и Марго Бојаџиева, а во машка, Игор Јакимовски, Атанас Анчевски и Пепи Анакијев.

По третата трка во Дојран овој викенд, следуваат трките во Маврово на 24 јули и финалната во Охрид на 31 јули.

15 Јули 2016

За авторот