Екологика

Наслов

Вистинскиот Дакар е еко трка во Африка

Додека мрзнeме со зимскиве температури, на репертоарот адреналински спортови во тек е една многу посебна манифестација по пустините на Африка - Африканската еко трка...

Како одговор на сопирањето на трката „Дакар“ во 2008 година и преселувањето на јужноамериканскиот континент од безбедносни причини, некои луѓе сепак сакале да ја продолжат вистинската традиција со одржување на  трка до вистинската цел - Дакар, Сенегал во Африка. 

Така се возобновила старата трка под ново име „Африка еко трка“. Но тоа што е различно од претходната организација е што сега, освен традиционалното исцрпувачко возење, во трката се вклучени и експириментални еко возила кои служат како тестирање во најтешките услови на новите возила што користат енергија од обновливи извори.

Освен ова, учесниците на трката и самата организација од почетокот во 2009 во секоја трка се задолжени да не оставаат никакви еколошки траги додека поминуваат низ тешките пустински терени.

Повеќето од возилата на организацијата се опремени со соларни панели наместо генератори на нафта, со што собираат енергија додека сонцето свети за своите потреби на енергија низ ноќните часови.

Најважно во еко мисијата се долгорочните ефекти кои ги прави организацијата со кои сакаат да го подобрат животот на локалното население. Додека трае трката се прават повеќе проекти кои вклучуваат користење на обновливи ресурси за луѓето кои живеат во отсечените делови низ кои поминува трката. Едни од таквите проекти се поставување на системи од соларни панели за потребите на локално училиште како и за потребите на локална библиотека во државата Мауританија.

Можете да ја следите трката на официјалната страна Africarace.com или на Еуроспорт на ТВ. Ние сме за 153ката со соларните панели на Јамахата :) 

08 Јануари 2015

За авторот