Виничани организираат зимски вертикал на Чупино

Овој февруари на 17.02.2019 очекувајте зимска стрмна трка на Чупино Брдо – 1725 мнв, на Плачковица. 

По големиот успех на Чупино Трејл мината година, на 17.02.2019 ќе се одржи Чупино Вертикал во должина од 5,5км и висинска разлика од 1030м. Tрката е предвидена за искусни тркачи, планинари, алпинисти, а максималниот број на учесници е 50. Стартот ќе биде од центарот на с. Блатец во 10 часот. Финишот ќе биде на врвот Чупино без временско ограничување.

Патеката е идеална за ваков тип на натпреварување. Теренот е стрмен што овозможува вистински предизвик за натпреварувачите. Дополнително, снегот кој е чест на Чупино, ја прави трката повозбудлива во последните 2 километри. Патеката минува низ карпи, букова шума и пространи места кои дават перфектен поглед кон планините Осогово, Кадиица, Пирин и Рила.

Сите учесници, гости и волонтери се обврзани да бидат комплетно премени со зимска опрема и да бидат физички спремни. Настанот ќе биде помогнат од волонтери на Црвен Крст, искусни планинари и доктори.

На Финишот (врвот) ќе има, шатор за пресоблекување, заслон за дружење каде ќе се служи храна, топол чај, храна и вино. Оставање на облеката за преоблекување ќе биде најдоцна 2 часа пред стартот на трката.


Пријавување од 24.01 до 14.02 – на следниот линк.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија