Ута Ибраими е првата Албанка на Еверест

Во текот на неколку последователни денови овој период, околу 100-тина планинари имаа можност да ги искористат добрите услови на Еверест и да се искачат на највисокиот врв на светот, меѓу нив и првата Албанка од Косово – Ута Ибраими. 

Ута е дел од шестчлената експедиција TAG NEPAL кои на 22.05.2017 во раните утрински часови успеаја успешно да се искачат на Еверест и со тоа таа да стане првата албанка која го искачила највисокиот врв на светот – 8848 мнв.

Ута живее во Приштина, Косово и работи во нејзина аутдор агенција насловена Butterfly Outdoor Adventure. 

Честитки за успехот и среќно враќање назад. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија