Успешно се одржа второто издание на Струмина Треил

Овој викенд на 15 ноември по разноликите штипски ридови и долини се одржа второто издание на Струмина Треил – трка во планинско трчање која има за цел развој на овој спорт во источниот крај на Македонија. 

Трката за првпат (видео) беше одржана минатата година кога одличен број на тркачи се собраа да уживаат во прекрасната и питома природа која лежи на чекор од градот Штип, а оваа година бројката на пријавени учесници беше уште поголема што дава до знаење за потребата на еден ваков настан.

Стазата беше изменета од минатогодишната и овојпат беше целосно кружна минувајќи низ повеќе штипски чешми и ридови, имаше една контролна и освежителна точка во селото Липов Дол а должината изнесуваше 19 километри со 670D+. 

На самата трка учество земаа 82 натпреварувачи од различни возрасни категории а прв во машка категорија заврши Марјан Бонев со време од 1:35:58, втор беше Јовица Ристовски 1:36:06 а трет Димитар Илиев 1:36:10.

Во женската конкуренција Билјана Серафимовска (2:15:29) заврши прва, Тања Пенева Здравева – 2:26:11 втора, а третата позиција ја освои Американката Еми МкГолдрик – 2:29:44. 

Целосни резултати може да видите ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија