Urbhanize – Најнова денс-фитнес програма

Во денешно време многу нови програми се креираат, што е добро, се оди напред, зависи кој каде ќе си се пронајде. Од сите, најмногу ми го привлече вниманието Урбанајз- денс фитнес програма, навистина е многу добра, па еве споделувам информации околу овој нов хит!

Што е Urbhanize®? Urbhanize® е најнова денс фитнес програма- комбинација од Хип Хоп и Индискиот фолк денс Бангра. Програмата е креирана во Јануари 2015 година, од страна на Денис и Тина Томсен, танчари и фитнес инструктори од Данска. Идејата на Urbhanize® е да се донесе нешто ново во фитнес индустријата, фанки музика и кул став.

Ова е забава и вежбање во едно! Структура на часот – Концептот на Urbhanize® е направен на тој начин што часовите се многу лесни за следење. Нема потреба од претходно познавање на било кој од овие танци. Часот се состои од загревање, 7 сесии од по 7 минути и ладење. Во секоја сесија чекорите се објаснуваат прогресивно, со доволно повторувања за на крајот од песната да се спојат во една мини кореографија.

Придобивки од Urbhanize® – Ефективен кардио тренинг- чекорите се создадени на тој начин што овозможуваат зголемување на работата на срцето, со што и се тренира срцето на поголема издржливост, а исто така и белите дробови. Придонесува за намалување на телесната тежина, секако во комбинација на правилен начин на исхрана.

Тонинг- покрај тоа што е ефективен кардио тренинг, Урбанајз исто така вклучува и тонинг елементи за оформување на телото. Покрај сето ова, оваа програма придонесува за подобрување на координација на телото. Музиката ќе ве подигне на едно ниво каде ќе бидете полни со енергија, такашто нема ни да го почувствувате напорот што го вложувате за издржување на часот, оставајќи ве и од потоа полни со таа енергија.

Се учат чекори и нови движења на телото кои се многу интересни и со текот на времето стануваат како да се дел од вас.За време на ваквиот тип на вежбање се лачат ендорфини- природен лек во телото за болка. Овие хормони не прават да се чувствуваме подобро, ни го подобруваат расположението и ни ја намалуваат болката. Несомнено е дека придонесува и за физичкото и за психичкото здравје. Видовите танци – Се вклучува Банграта, танц по потекло од Панџаб регијата која опфаќа делови од Источен Пакистан и Северна Индија. – Хип хоп Погледнете ги и видеата. Иииии придружете се ! 🙂 Инфо во порака или тука