Трчај!! – кампања против насилството врз жените

На 14 октомври оваа година една од најдобрите ултрамаратонки на Унгарија, Викториа Макаи, додека го прави својот редовно тренинг трчање таа е брутално нападната од страна на непознат човек. Иако поминува со тешки психо-физички последици, таа решава јавно да ја каже својата приказна во кампања против насилството врз жените. 

Викториа Макаи е вице-првак во ултрамаратонско трчање на Унгарија за 2018 година, во кариерата има бројни одлични резултати на различни под дисциплини во овој спорт, а воедно е мајка на две деца. На средината на минатиот месец, додека го правела нејзиниот вообичаен тренинг во парк кој е близу до релативно населено и прометно место, таа била физички нападната и сексуално злоупотребена од страна на непознато лице. Мажот кој бил физички поголем и силен успеал да ја собори, истепа и силува Викториа, додека таа се борела за нејзиниот живот. 

За среќа таа останува жива, а силувачот е фатен од локалната полиција и е во процес на судење. Несреќниот случај ја поттикнува Викториа гласно да проговори и да започне своја кампања против насилството на жените и таа самата да биде пример за останатите жени кои е потребно да бидат што повеќе свесни и спремни да се справат со евентуални напади.

Отпосле таа ги споделува впечатоците каде кажува дека приметува како непознатото лице трча позади неа но доцна сфаќа дека е во неволја. 

„Честопати имам размислувано како може ние жените да се заштитиме од овој аспект. Мојот братучед секогаш велеше дека единствената шанса на ситна жена против крупен и посилен маж е таа да бега. Денеска знам дека ако нападот е ненадеен дури и професионален спортист може да биде стасан на кратка дистанца, па затоа најдобрата опција е да бидете свесни за тоа што се случува околу вас и да започнете да трчате што поскоро и што побргу.” – вели Макаи.

Подолу следат дел од фотографиите од нејзината кампања

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија