Наслов

Тимот на Чикон оди со финален обид за зимско на Еверест без О2

По долготрајни припреми и работа под највисокиот врв во светот, тимот на баскискиот качувач Алекс Чикон оди во финален обид за прво искачување на врвот без суплементарен кислород.

Алекс Чикон и Али Садопара

Ескепдицијата која како кандидати за искачување на Еверест во зимски улсови без О2 ги има Алекс Чикон и паскитанскиот алпинист Али Садпара влегува во нејзината финална фаза. Поради истекувањето на дозволата за качување (на 28.02), тимот решава да направи финален обид за качување на врвот кој според временската прогноза најверојатно би бил на 24-25 02. 

Екипата ја има поставено и обезбедено рутата до 7850 м.н.в, а дополнително направија и аклиматизација на локалниот врв Пумори 7161 м.н.в. Селедеше период на исклучително лошо време кој се искористи за одмор, а во следниот период се очекува финалниот обид. 

Тимот се наоѓа во Камп 2 откаде го продолжуваат искачувањето по класичната рута од југоисточното седло. Со оглед на условите ова ќе биде и последна шанса за оваа година да се искачи врвот во зимски услови и без користење на суплементарен кислород. 

Вреди да се спомене дека почетокот на зимскиот хималаизам е токму со искачување на највисокиот врв во светот, кога во 1980 година на 17 февруари Кшиштов Вијелицки и Лажек Сиши во полската експедиција на Анджеј Завада го прават првото искачување. Од тогаш само 15 луѓе стапнале во зима на Еверест и тоа сите користејќи суплементарен кислород. Само Анг Рита Шерпа успева да се искачи без О2, но на 22 декември 1987 година - точно на преминот од календарска есен во зима - што значи дека експедицијата била работена во календарска есен. 

22 Февруари 2018

За авторот