Наслов

Свежи вести од Пиера Мента - најголемата трка во ски алпинизам

Деновиве се случува најголемата трка во ски алпинизам - Пиера Мента која што започна во Ареш, Франција. Трката трае 4 дена со нови и тешки стази.

Килиан Жорнет

Како што велат овде, вкупно се поминуваат околу 10 000 метри разлика без ДДВ!

Вчера први завршија Килиан Жорнет и Матео Жакмуд (Kilian Jornet и Mateo Jacquemoud). Тие се и фаворитните победници за оваа година, но сепак крајниот резултат ќе се знае по 4 дена.

Први во женска конкуренција се Летиција Роу и Аксел Моларет (Laetitia Roux и Axelle Molaret).

Во прилог е слика од Матео на една од контролните точки кота 2000.

И уште неколку фотографии од минатите изданија на Пиера Мента

10 Март 2016

За авторот