Наслов

Странскиот акцент во американскиот спорт

Германија со години доминира во олимпиското санкање со неверојатно добри резултати. Како планираш да ги покориш на Олимпијадата во Сочи? Го изнајмуваш БМВ да ја конструира твојата санка. Баварскиот е само еден од акцентите во американскиот спорт, а сите таму се зборуваат поради доволно добри причини.

Во период на масовна глобализација, американските спортски федерации воопшто не се срамат ниту пак двоумат да изнајмат странци кои имаат задача да играат клучни улоги во припремата на некој од спортистите за Олимпијадите и големите натпреварувања. 

Еве неколку такви примери: Тимот во алпско скијање наредниов месец во Сочи ќе биде воден од Австријци, неколку од лизгачите на кратки патеки се тренирани од страна на Кореец, а уште пред 10 години тие донесоа Норвежанец во тимот за нордиско скијање кој им го донесе првиот медал во крос-кантри скијање од 1970 година. 

Тука се уште и националниот тим во фудбал кој на Светското во Бразил ова лето ќе биде воден од Јирген Клинсман, а еден од главните тренери во тенисерската асоцијација е Шпанецот Хозе Хигуерас. 

Додатно на ова, најмувањето на странци во спортските тимови на САД  оди ниво напред со што беше избран баварскиот гигант БМВ за констуирање на санката на која ќе лизга двочлениот тим на САД во Сочи овој февруари. 

Интересен е фактот што САД досега има извадено на мегдан одлични и снажни лизгачи, а воедно тие како држава имаат одлична автомобилска и авијатичарска индустрија која би можела да се понуди за дизајнот и констуирањето на најсовремена санката. 

Но сепак, резултатите си го кажуваат своето. Американскиот тим во санкање се наоѓа 80 годишна суша за златниот медал во оваа категорија и се далеку зад Германците кои се ултимативните шампиони. 

Со доволно добра причина, тимот на САД ја дава целата своја доверба во БМВ како конструктори кои веќе ја имаат скроено новата флота која за право, изгледа импресивно. Останува да видиме дали ова ќе донесе некаков зачин во играта за подиумот. 

30 Јануари 2014

За авторот