Старт на Ултимативниот фит предизвик

На кого не му “фуфкаше” во вторникот на 7-ми април си дојде во Спортскиот центар Форца и го започна Ултимативниот фит предизвик со Алгасан и Бут Камп Бубало. Ова е прв настан од ваков тип во Македонија. Среќно на сите, и нека победи најдобриот!

Ултимативниот фит предизвик е натпревар помеѓу тимови во напредни вежби – кардио вежби, вежби за зајакнување на мускулите итн. кои се изведуваат партнерски, односно во рамки на тим од тројца натпреварувачи. 

Во предизвикот се пријавени 16 тимови (бестрашни момци и девојки) од по три члена, кои според правилата мора да се мешани тимови (со машки и со женски членови, на ова ние од Алгасан најмногу инсистиравме. Сепак кај нас има навистина згодни и силни девојки кои не се плашат од предизвик). Покрај тоа, секој од тимовите има свој капитен и секако, свое име. Пријавените тимови се истакнаа со силни натпреварувачки имиња: Среќлии, Феникс, Сонџоку, Фаланга, Гладијатори, Bod Squad, Top Gun, Winnery се само некои од нив, но има и забавни имиња од типот на Смедеревка и Петок 13. Креативноста на кумовите во случајов не изостанала…

Првиот ден од предизвикот – 7-ми април, беше со рекреативен карактер: запознавање со тимовите, претставување на вежбите, тренинг за загревање. Почнувајќи од 21-ви април, секој вторник од 18:20 часот во СЦ Форца ќе се одржуваат натпреварите помеѓу тимовите, за да кулминира со финалето на 16 јуни 2015.

Наградите за најдобрите се:

– Секој вторник – награда на денот за најдобриот тим
– Викенд на море за победничкиот тим на предизвикот
– Викенд во Лазарополе за второпласираниот тим 

– СПА-релаксација за третопласираниот тим

Ве очекуваме да дојдете во СЦ Форца и да им пружите поддршка на нашите тимови, забавувајќи се заедно со нас: рекреација, натпревар, музичка поддршка од нашиот ди-џеј, навивање и многу награди! И секако доколку ви се допадне пријавете се на следниот предизвик Алгасан е секогаш тука да ве поддржи…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија