Комерцијален текст

Среќен 5ти роденден Биокулт!

Денес, сабота 09.04.2016 година, ние го славиме нашиот 5 ти роденден. По тој повод голем дел од производите се со намалена цена, ве очекуваме заедно да го прославиме нашиот органски јубилеј.

За 5 години, 5 маркети и преку 2000 здрави и органски производи од реномирани светски и македонски брендови…

Органско, здраво и квалитетно се ‘рбетот на нашата компанија.

Ние веруваме во:

– Квалитетна, еколошка и нутритивно богата храна;

– Храна која не е генетски модифицирана;

– Органска храна која е добра за целата заедница;

– Здрав, квалитетен, активен човечки живот;

– Хуман однос кон животните и околината.

БИОкулт од самото постоење го негува филантропскиот дух, работи на унапредување на условите за подобар живот. Нашата цел е да  создадеме партнерски односи на доверба, интегритет, задоволството на клиентите и лојалност. Да обезбедиме најширок избор на природни, органски, здрави и специјализирани прехранбени производи со највисок квалитет, конкурентни цени и одлична снабденост во маркетите.

Повеќе од она што сме е она што го правиме. Ова не е за еден ден, ова е за секој ден. Мисијата е една, Органска храна за сите луѓе, секој ден – БИОкулт.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија