Спремни ли сте за Шара?!

Овој викенд за време на националниот празник Илинден повеќе од 100 натпреварувачи од Балканот и пошироко ќе учествуват во првата меѓугранична трка во планинско трчање „Шар Планина Скајрејс” која ќе започне во Штрпце, Косово, а ќе финишира во Старо Село, Македонија. 

Шарпланинскиот Скајрејс е трка во планинско трчање која оваа недела на 2 август ќе се одвива на двете падини на прекрасната Шар Планина. Стартот ќе биде во Штрпце, Косово, а преку врвовите Пирибег, Ливадица и Љуботен ќе се премине природната граница со Македонија за финишот да биде во тетовското Старо Село.

Истата е во организација на српската Скајранинг Лига која оваа година има направено повеќе вакви „небесни” трки кои се одвиваат на поголеми височини (за наше поднебје над 2000 метри над морето) но и совладуваат големи висински разлики. Дополнително, тука беше и многу важната логистика од страна на македонски TREX и Бели Вук од Штрпце кои учествуваа во организацијата во повеќе сегменти.

Трката е со должина од 33 километри и совладува висинска разлика од 2200 метри со што спаѓа во категорија на доста тешки планински трки. Дополнително тука е и временскиот лимит од 6 ипол часа кој ја отежнува работата на натпреварувачите односно, секој што е пријавен треба да биде во одлична психофизичка состојба за да ја истрча оваа трка. 

Пријавени се повеќе од 100 натпреварувачи и затоа очекувајте одличен настан на прекрасните падини на Шара. Стартот е во 8 часот, а сите кои се во можност да присустуваат некаде во овој дел на планината се поканети за бодрење на натпреварувачите.

Како загревање ви го приложуваме овој трејлер

Повеќе инфо на следниот линк

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија