Наслов

СП Футсал финале 2012

Бразил и Шпанија по четврти пат ќе играат во финалето на СП во футсал 2012 во Тајланд.

Во недела на 18ти ноември во затворениот стадион Хуамарк во Бангкок ќе се одигра финалниот натпревар на СП во футсал во Тајланд каде по четврти пар ќе се сретнат репрезентациите на Бразил и Шпанија. Натпреварот е закажан во 19:30 часот по локално време.

Во полуфиналните натпревари Шпанија ја совлада Италија со 4:1, а Бразил ја победи Колумбија со 3:1.

Интересно е тоа што единствените две репрезентации кои досега го освоиле ова натпреварување кое се одржувало вкупно шест пати од 1989 година па наваму се токму или Бразил или Шпанија. Бразилците добиле четири светски првенства додека Шпанците триумфирале на две. Утре ќе видиме кој ќе биде подобар во нивниот четврти меѓусебен дуел.

На програмата исто така ќе се игра и натпреварот за третото место помеѓу Италија и Колумбија. Овој натпревар е закажан во 17:00 часот по локално време.

17 Ноември 2012

За авторот