Совети за надополнување енергија во текот на денот

Ако телото и мозокот ви велат „стоп“ кога ви треба најмногу енергија, применете некој од овие совети за инстант освежување и дополнителна концентрација.

Размрдајте се во вистинска смисла. Истражувањата покажуваат дека само неколку вежби за некоја голема мускулна група, како на пример нозете, значително го подобрува менталниот перформанс во наредниот период. Неколку чучњеви ќе ви ги активираат нозете, но и мозокот.

Станете од пред компјутер. Долгото седење на бирото и пред компјутерот може да ви ја намали концентрацијата и да ви го наруши видот. Едноставно тргнете се накратко од компјутерот или барем тргнете го погледот од екранот на секои 20 минути и гледајте во далечина барем 20 секунди.

Чоколадо за освежување. Освен тоа што шеќерот е храна за мозокот, богатството од флавоноиди во темното чоколадо се поврзува со подобрување на когнитивната функција.

Напијте се едно турско.Или некое друго кафе по ваша желба, но сепак ограничете се на една шолја. Поголемите количини на кофеински пијалоци може да направат контра ефект.

Дремка за енергија. 10-20 минути сон во текот на денот може да ви даде доволно енергија за да функционирате додека часовникот да покаже време за спиење.

Зеленило или парк. Паузата поминете ја на тревна површина. Се смета дека само визуелното присуство на зелената боја го релаксира нервниот систем и го одмора мозокот.

Посегнете по комплексни јаглехидрати. Интегралните житарки се добар пример за храна која бавно и константно ослободува енергија. Исто така исхраната која содржи јаглехидрати се поврзува со подобро расположение за разлика од исхраната осиромашена од сложени и прости шеќери.

Одгледувајте растение. За прочистување на воздухот во просторијата каде работите, чувајте си саксија со цвеќе. Кислородот ја покачува концентрација многукратно.

Кренете ја ролетната и тргнете ги завесите. Сончевите простории се поврзуваат со зголемена продуктивност, алертност и будност.

Ладен туш. Ако имате услови, влезете кратко под туш. Ќе излезете како нови и подготвени за остатокот од денот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија