Индиски рецепт за маратон

Изминатиов викенд се одржа маратонот во Бангалор, a дел од неговата индиска приказна биле залутани (водечки) натпреварувачи во погрешен правец и стандардно нервозни шофери.

Индрајет Пател и уште двајца други тркачи, водечките натпреварувачи на полумаратонот биле далеку пред илјадниците други, кога сфатиле дека веќе неколку километри трчаат во погрешна насока.

Имено, сите тројца го следеле официјалното безбедносно возило кое влегло во грешна кривина и ги одвело лидерите далеку од дотогаш загарантираното добро место.

Неколку други маратонци и полумаратонци морале да позајмат рупии од минувачите и со метро да се упатат кон целта, откако истрчале повеќе километри во погрешна насока. Дел од учесниците пак „извадиле жива глава“ единствено следејќи ги телевизиските екипи кои известувале од местото на настанот.

Бангалор е познат по сообраќајниот метеж и речиси никаква возачка култура, па за време на маратонот биле прегазени и кршени бариери на повеќе локации, бројот на лути возачи го надминал бројот на обезбедување, а регуларно биле упатувани и невкусни зборови кон натпреварувачите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија