Наслов

Шерпасите се качија, следи гужвата на Еверест

Откако Еверест и Непал доживеаја две последователни трагедии во рок од две години, вчера на 11 мај, за прв пат после подолго време шарпаска заедница на качувачи се искачија на врвот и попатно обезбедија фиксни јажиња за качување од јужната страна по ледопадот Кумбу. Сега повторно следи гужвата...

Минатата 2015 година беше првата после 1974 кога низ целата сезона ниту еден качувач не успеа да стапне на врвот на светот. Земјотресот со магнитуда од 7,8 по Рихтер во близина на Катманду предизвика потрес во базниот камп на планината последователно предизвикувајќи лавина која усмрти 18 луѓе покрај околу 9,000 други низ зафатениот регион. 

И 2014 беше една од сезоните кои оставија црна дамка во историјата на планината. Во огромна лавина на ледопадот Кумбу загинаа 16 Шерпаси кои местеа опрема за качување, нешто што го покрена прашањето за цената на животите на овие луѓе во однос на целата туристичка индустрија која ја има завладеано на Хималаите.

Година дена после овие трагедии, поточно на 11 мај 2016 рано наутро, тим од 9 Шерпаси успеа да се искачи на врвот. Искачувањето воедно значеше и обезбедување на фиксни јажиња по најексплоатираната насока за качување на планината од нејзината јужна страна, а информациите од базниот камп на Еверест кажуваат дека и покрај двете трагедии кои се случија изминатите години, бројот на експедиции и качувачи кои се во потрага по искачување на Чомолунгма е огромен. 

Поточно, проценките велат дека моментално бројката варира околу 200 до 300 луѓе распоредени по разните кампови на планината кои чекаат поволни временски услови за искачување оваа година кое според експертите се очекува некаде од 14 до 16 и 19 и 20 мај, а до крајот на есенската сезона, бројката на луѓе кои планираат да се искачат би била околу 1000.

Прашањето за огромната гужва кој се создава на Еверест и справувањето со истата останува отворено. 

12 Мај 2016

За авторот