Во состав на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ работи и вештачка карпа за качување која е лоцирана во подтрибинскиот простор на југозападната страна на арената.
Вештачката карпа е донација од качувачката федерација на Република Македонија кон спортскиот центар и е идеално место за одржување на тренинзите во текот на зимскиот период на спортистите од овој сектор во спортот.
На објектот има обучен професионалец од федерацијата кој ќе има задача да дава насоки кон движењата на посетителите.
Цена за користење на карпата за качување: 120 денари/час.