Седумте врвови на Килиан и нивното преносно значење

„Во планините е кул да не успееш. Да отидеш и да увидиш дека не можеш затоа што ти не си сè уште спремен или можеби условите не се добри. Не успеваш во околу 50% од обидите. Но тоа значи дека ќе имаш мотивација повторно да се вратиш… 

Во пролетта минатата година, еден од најдобрите светски мулти-планинарски атлети Килиан Жорнет заедно со Филип Бругер се обидоа да ги поминат седумте врвови околу норвешката долина Ромсдален во еден ден користејќи еднствено ски т.е. немоторизирани средства за транспорт – дистанца од 77 километри со 9000 метри висинска разлика. 

Неуспехот на обидот станува одличен предуслов за градење на кратко докуметарче кое ќе ја назначи старата максима дека „Планините се и секогаш ќе бидат тука, но ние нема”, како одлична поука или во најмала рака потсетување за сите кои сакаат и се занимаваат со било кои од прекрасните планински спортови. 

Неколку месеци подоцна, Килиан успева успешно да ги помине седумте врвови на Ромсдален во еден ден. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија