Се намалуваат повредите во фудбалот

Статистика на ФИФА правена на претходново фудбалско првенство вели дека играта имала 40 посто помалку мали и големи повреди во споредба со претходните турнири.

На Мундијалот во Бразил 2014 беа регистрирани вкупно 95 повреди од кои 7 беа сериозни, вклучувајќи ги оние на Нејмар и Хектор Морено. Статистички, оваа бројка е за 40 проценти помала во споредба со претходните турнири. Во 1998 и 2002 година на натпревар во просек имало по 2,6 повреди, а оваа година таа бројка е намалена на 1,6.

Од медицинскиот комитет на ФИФА велат дека ова се должи на почистата игра од страна на играчите (помалку контакти и фаули), поголемите и поостри санкции за повредување на играч и редовните едукации на судиските тројки од 1990 па наваму за тимска психологија и ферплеј. 

„Играчите сè повеќе ја почитуваат одлуката на судијата“, – вели Масимо Бусака, главен на одделот за судење кој нагласува дека на претходниот Мундијал немало ниту еден жолт картон за противење т.е. непочитување на судиската одлука за пенал. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија