Саша Грбиќ и Бојан Митаноски во алпски стил на Гросглокнер

Овој викенд нашите Саша Грбиќ и Бојан Митаноски успешно го искачија највисокиот врв на Австрија, Гросглокнер по алпинистичката насока Зидвандвехтер која се наоѓа на јужната стена на планината. 

Според информациите кои ги добивме од нивна страна, насоката Зидвандвехтер по која тие го искачија Гросглокнер 3798 м.н.в е релативно нова, за првпат искачена во април 2016 година, а претпоставуваат дека ова е и нејзиното прво зимско повторување на истата.

Насоката е долга 600 метри и има оцени M5, WI 4+, а за целокупното искачување на тандемот му беа потребни 13,5 часа.

Во логистика беше и Александар Кирковски кој за времето на нивното искачување успеа два пати во исти ден да го искачи врвот од класичната рута.

Ова трио заедно со Никола Андоноски од Гостивар истотака го изведоа и првото траверсирање на Матерхорн од страна на македонска екипа, но има и другиалпинистички активности вредни за споменување.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија