Лука Линдич и Лука Крањц со алпинистичко искачување на сезоната

„Rolling Stones“ на Гранд Жорас доживеа слободно повторување

Словенечките алпинисти Лука Линдич и Лука Крањц направија нешто што може да се нарече „алпинистичко искачување на сезоната”, со онсајт прво слободно искачување на насоката „Rolling Stones” на северната стена на Гранд Жорас, во масивот Мон Блан.

Со тоа познатата 1100 m сега веќе има свое слободно повторување, и доби оцена M8 и F6a. Наврската слободно ги помина деловите кои се оценети со А3, и изјавија дека кличниот дел „не изгледаше толку страшно…”.

Во својот извештај, Лука Линдич изјавува:

„По целата зима полна со нестабилно време ја проверив прогнозата уште еднаш, за секој случај. Леле, прогнозата изгледа добро! Му се јавив на Лука Крањц, мојот партнер од словенија и брзо бевме на пат за Шамони. Нашиот првичен план беше да ја качиме насоката на „Гусо-Демезон” на северната стена на Гранд Жорас. Ден пред да тргнеме добивме информација дека други две наврски планирале да ја качат истата насока баш пред нас. Бидејќи не сакаме гужви како во стадо, каде неколку наврски се следат меѓусебе по една иста насока, се одлучивме да ја сменима нашата цел и да се обидеме на насоката „Rolling Stones”, уште потешка насока на истата стена, која се уште чекаше да биде повторена слободно.”

 За клучниот дел, Лука вели:

  • „По два малку потешки цуга за загревање, стигнавме на сидириштето под најтешкиот цуг во насоката, оценет со А3. бидејќи не изгледаше толку страшно, успеав да се смирам и да тргнам. Првиот дел беше директен со добро осигурување. После еден стар експанзивен клин стана потешко. Како додаток на предивизкот имаше и три огромни лабави камења, што беше застрашувачки зашто качувавме на единечно јаже. Некако исплашен, претпазливо се качив нагоре и околу овие лабави блокови, намерно не поставувајќи осигурување неколку метра. Можев да ги чујам блоковите како прават страшни звуци и како се помрднуваат. По уште неколку минути внимателно качување стигнав на сидриштето. Така е! Успеав!”

Според Џонатан Грифит, алпинист и фотограф кој живее во Шамони, ова е „надоброто искачување во Алпите оваа зима за кое сум чул, и навистина е потценето како нешто вообичаено…”

Фотографии: © Лука Крањц и Лука Линдич