Отворање сезона маратони 2015

Патешествие од маратонот во Рим 2015

Колосеумот, Фонтана Ди Треви, Пиаца Навона, Пиаца Сан Петро… Немаше подобар мотив да се одбере Рим за трчање!

Со Доци Никола (ака Ниџон) се решивме сезоната на трчање оваа година да ја отвориме во Италија. Доста возбудени од претстоечката трка стигнавме во Рим, придружени од верните навивачи Лука и Фросина. времето идеално, сончево со температури околу 15 степен, се до денот на маратонот….

Утрото кога станавме не дочекаа облаци и пороен дожд, кој со мали прекини не дружеше првите 20км. Сепак големиот број на учесници (околу 12.000 финишери на 42км), големата подршка од публиката и покрај лошото време заедно со импресивната глетка на римските знаменитости допринесоа за одличен адреналин и неверојатно лесно трчање без никакви кризи во текот на целиот маратон, со лично најдобро време досега 4часа 28минути 07 секунди искуство плус од Рим е сознанието дека калдрмата е неверојатно тврда за долго трчање, а во Рим калдрма во изобилие 🙂

Инаку Доци Никола е маратонец во најава, таргет за полумаратонот во скопје е 3 часа додека мојот за маратонот исто во скопје е 4часа
се надеваме дека се гледаме во Скопје на 10/05 🙂