Рич сè уште доминира

Иако со мали проблеми во вториот натпреварувачки ден, Американецот Рич Фронинг Џуниор успеа да стигне до неговата четврта за ред Крос Фит титула. 

На КросФит игрите кои се одржаа овој викенд во Калифорнија беа ставени на тест едни од најпремните фигури на планетава. Рич Фронинг четврта година за ред успеа да дојде до врвот на најтешкото фитнес натпреварување со што покажа дека доминира со неговата одлична форма.

Иако за време на вториот натпреварувачки ден неговата форма беше очајна и во настанот „Трипл 3“ заврши 37ми тој успеа да се врати во игра и да триумфира во целокупните рангирања. На крајот од натпреварувањето тој изјави дека ова му е негова последна натпреварувачка година и дека остава наредните сезони другите да се искажуваат на најсилното фитнес поле.

 

Фронинг во неговиот натпреварувачки период од пет години има победено на 16 настани (одделни натпреварувања на игрите) што е повеќе од било кој друг натпреварувач и има завршено во топ-тен 45 пати досега

Во женска конкуренција оваа година триумфираше Камил Лебланк- Базинет која што дојде до нејзината прва победа во пет годишен натпреварувачки период со одлични 40 поени повеќе од второпласираната.

Галерија ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија