Прво траверсирање на Матерхорн од македонски тим

Вчера на 08.08.2016 година, четворочлена екипа од Македонија во акција организирана под капата на ФПСМ успеа да го направи првото траверсирање (пречење) на Матерхорн од италијанска кон швајцарска страна. 

Екипа составена од Бојан Митаноски, Саша Грбиќ, Никола Андоноски и Александар Кирковски во организација на ФПСМ успеа успешно да се искачи на врвот Матерхорн 4,478 м.н.в. Искачувањето беше направено на 08.08.2016 година по насоката „Креста дел Леоне” која води од италијанската страна поточно од гратчето Червинија, а спуштањето беше изведено преку класичната насока на Хорнли гребенот, завршувајќи во Швајцарија. 

Истото претставува важно за македонската планинарска заедница бидејќи влегува како прво траверсирање на Матерхорн изведено од македонска екипа. 

Честитки до екипата која ни пренесе дека се назад на пат кон Италија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија