Првиот вештачки снег во Крушево

Со донација на АД „Мепсо“ Скопје, во Крушево се реконструира постоечкиот ски парк „Станич“ каде се изгради вештачко езеро за потребите на снежните топови за правење на вештачки снег, а се изградија и патеки за сноуборд.

Со цел да биде овој проект успешен и ски паркот да може да функиционира за одржување на патеките, во него на располагање стојат:

-ратрак (снежен тенк)

-6 снежни топови

-сандак со додатна опрема за топовите и

-снежна санка и елементи за сноуборд патеката

Денес беше успукан првиот вештачки снег во Крушево , за проба на топовите, така да во наредниот период ќе биде и отворање на сезоната за скијање.