Наслов

Првата 14ка без кислород

Постојат бројни планинарски и алпинистички имиња кои оствариле неверојатни подвизи во нивните кариери, но само еден е првиот кој успеал да ги качи сите 14 осум илјадарки и тоа без опрема за кислород.

Реинхолд Меснер е роден на 17ти септември 1944 година во Италија, Јужен Тирол. По професија тој се води како планинар, авантурист и истражувач, а воедно претставува и „кралот на планините“ бидејќи за прв пат во историјата го има направено најневеројатниот подвиг во планинарството и алпинизмот. Качување на Еверест како и останатите 13 осум – илјадарки на планетава и тоа без никаква опрема за додатен кислород во тек на 16 годишно патешествие.

Тој е роден во Бриксен (Бресансон) Италија и неговиот прв врв го искачил на пет години заедно со неговиот татко. Детството го поминал качувајќи се низ Доломитите каде се родила љубовта кон планинарењето, а заедно со Гунтер (еден од неговите осум браќа) правеле различни планинарски планинарски тури низ северна Италија. До неговата 20та година, тој заедно со Гунтер биле меѓу најдобрите планинари во Европа.

Меснер бил еден од првите поддржувачи на алпскиот стил на планинарење каде планинарот сета потребна опрема ја носи со себе исклучува поставување на базни кампови како при експедицискиот стил. Додатно, алпскиот стил на качување значи и одбивање за користење на фиксни јажиња и суплементарен кислород. Меснер бил закачен на ваквиот тип на планинарење и според многумина се сметал за луд бидејќи сакал да ги качува Хималаите во ваков стил.

Но и покрај критиките, тој не се откажал од неговата намера. До 1970 година неговите качувања (над 500) биле сконцентрирани на Алпите, најмногу на Доломитите. Од 1970 година тој ја започнува неговата неверојатна авантура со највисокиот планински масив на планетава, Хималаите.

  • 1970 – Нанга Парбат (8,126m) каде го губи неговиот брат Гунтер во невреме.
  • 1972 – Манаслу (8,156m) преку дотогаш непознатата јужна страна од каде немало ни фотографии.
  • 1975 – Гашербрум 1 (8,068m) Меснер станува првиот човек што искачил три осум илјадарки.
  • 1978 – Еверест (8,848m) првиот човек што го качил врвот на светот без суплементарен кислород.
  • 1979 – К2 (8,611m) вториот најсмртоносен врв после Анапурна.
  • 1981 – Шишапангма (8,013m) искачување на врвот на многу лоши временски услови.
  • 1982 – Кангченјунга (8,586m) неговиот колега Мутшлехнер го спасува бидејќи Меснер тешко се разболува на врвот.
  • 1982 – Гашербрум 2 (8,035m) по закрепувањето Меснер успева да го качи и овој врв во истата година.
  • 1982 – Врвот Broad (8,051m) третата осум илјадарка оваа година.
  • 1983 – Чо Оју (8,201m)
  • 1985 – Анапурна (8,091m)
  • 1985 – Дхаулагири (8,167m)
  • 1986 – Макалу (8,485m)
  • 1986 – Лхотсе (8,516m) последната осум илјадарка и комплетирање на задачата.

Неверојатниот подвиг на „кралот на планините“ низ овие 16 години станува уште позачудувачки бидејќи сите овие врвови се освоени без користење на суплементарен кислород што е тотално неприфатливо според новите стандарди.

И ова е само дел од она што го постигнал овој човек. Тука се бројните качувања на Аконкагва, Килиманџаро, првото соло качување на Еверест, Арктички минувања и уште куп други.

Тој е автор на 63 книги, а во 2006 година го отвори планинарскиот музеј Messner Mountain Museum (MMM) во замокот Sigmundskron близу Болзано во Италија.

21 Јануари 2013

За авторот