Наслов

Прва национална конференција "Жени во спорт"

На 01 јуни 2017та, во организација на Здружението за унапредување на меѓусебната доверба ТАКТ, а со поддршка на UN Women, Американската амбасада во Македонија и Факултетот за физичко образование здравје и спорт, се одржа Првата национална конференција "Жени во спорт".

Целта на конференцијата беше да се промовира потребата за родова еднаквост во спортот, со цел да се создаде родово-пријателска клима која треба да стане стандардна карактеристика на сите спортски институции.

"Денес е првиот чекор од нашето патување кон постигнување на родова рамноправност во спортот и во спортскиот сектор и оваа конференција ни понуди продуктивна дискусија, поттикнуванње на соработка и партнерство помеѓу невладиниот сектор, спортските федерации и спортските институции, како и конкретни препораки за постигнување на нашата цел, а тоа е еднаков пристап кон спортот за сите." вели Силвија Митевска, претседателка на ТАКТ.

"Ова е појдовна точка, треба да бидеме здружени во нашата заедничка цел за поголема вклученост на жени на раководни функции при спортските институции. " изјави Гордана Нацева, поранешна ракометарка.

На конференцијата земаа учество и споделија лични искуства истакнати македонски спортистки: Моника Гавриловска, генерална секретaрка на Кошаркарската федерација на Мaкедонија; Андријана Зафировска-Мисовски, професорка на ФФК; Андријана Будимир, тренер во ракомет; Едина Муса, репрезентативка во кошарка и Марија Митевска, маратонка; како и претставници од образовните институции надлежни за спорт.

***
Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ, Скопје се залага за родова рамноправност во спортот и за социјална инклузија за маргинализирани групи на луѓе преку спортско-рекретивни активности.

08 Јуни 2017

За авторот