Прошетајте викендов, добро е за мозокот!

Бидејќи способноста на човековиот мозок да остане смирен и фокусиран е лимитирана и може да биде пореметена од околните хаотични звуци за време на работната недела, поминувајте повеќе време во прошетка низ паркот, бидејќи токму таа физичка активност ја регенерира менталната исцрпеност.

Не е ново мислењето дека зелените паркови, чистиот воздух и кратките прошетки на овие места, па макар и на паузата од хектичната работа знае да го подобри менталниот статус на човекот, но научниците никогаш не беа во можност тоа да го стават црно на бело бидејќи ги немаа денешните фенси апарати за следење на мозочните активности.

Претходните испитувања се правеа во лаборатории со што се губи точноста на испитувањето, но со измислувањето на новата верзија на портабл енцефалограм сега може точно и на лице место да се измерат мозочните бранови на оние кои се наоѓаат на мирно, спокојно и зелено место во паркот, и на оние во урбаните и пребрзи улици.

После испитувањето направено на 12 лица, докажани се претходните претпоставки дека едноставната прошетка во паркот може да го смири мозокот.

Додека испитаниците се движеле низ улиците на кои имало дури и мала гужва од автомобили и луѓе, мозочните бранови покажувале голема ментална возбуденост, за разлика од прошетката во паркот која го смирувала мозочниот патерн и ги подобрувала когнитивните функции.