Промена на раководството на Кик Боксинг Федерација на Македонија

На ден 30.10.2016 година, се одржа вонредна седница на Кик Боксинг Федерација на Македонија. На седницата, претседателот на федерацијата си поднесе оставка, со што се создадоа услови за избор на нов претседател.

За нов Претседател на Кик боксинг федерацијата на Македонија, од страна на членовите на Собранието на КБФМ, едногласно беше избран  М-р  Дејан Митровски – Урко.

 Воедно, на собранието беше избран и нов Извршен одбор и нов Надзорен одбор на КБФМ.

По завршувањето на Собранието, се одржа седница на новиот Извршен одбор на Кик боксинг федерацијата на Македонија и на истата седница за нов Генерален секретар на федерацијата е избран, г-дин Драган Атанасовски.

Ново избраните челници на КБФМ, дуото Митровски и Атанасовски се активни членови пред, за време на формирањето и по формирањето на КБФМ, најпрво како натпреварувачи, а потоа како тренери на спортски клубови и репрезентација.

По именувањето, Претседателот им се заблагодари на членовите на собранието за укажаната доверба и изборот и се обрати со следните зборови: „Го сакам кик боксот, ќе работам чесно и достојно во согласност со Статутот на КБФМ за доброто на кик боксот и за негово издигнување на уште повисоко ниво. Веќе работиме на подобрување на меѓу  клубските и меѓу тренерските односи, за сите заедно да дадеме свој придонес кон зајакнување на колективот помеѓу клубовите во федерацијата, кој ќе вроди со продуцирање на поквалитетни натпреварувачи и постигнување на уште поголеми резултати како на домашни така и на меѓународни првенства.

„Јавно им се обраќам на сите кик бокс клубови, тренери, натпреварувачи и спортски работници дека вратите на Кик бокс федерацијата се отворени за сите оние кои вистински сакаат да бидат дел од неа.  Во следниов период акцентот ќе го поставиме на вториот дел од  Европското сениорско WAKO првенство кое ќе се одржи во Лутраки, Грција; со што ќе го завршиме овогодинешниот натпреварувачки календар. По завршувањето на натпреварувачката сезона за 2016 година ќе направиме анализа на досегашните збиднувања и резултати со која ќе ги отстраниме досегашните негативности и ќе вметнеме новини со цел подобрување на целокупната состојба.”