Наслов

Привршуваат надежите за зимското искачување на Нанга Парбат

Пропадна сонот на Симоне Моро и Давид Гетлер за првото зимско искачување на Нанга Парбат кои што заедно со Емилио Превитали беа во експедицијата на Норт Фејс. Полските алпинисти остануваат и се во план да направат уште еден, последен напор за искачување по Рупалската стена.

Симоне Моро и Давид Гетлер кои веќе се имаат откажано // Photo by © David Göttler / The North Face

Поради лошите временски услови и големата опасност, италијанско-германската двојка составена од Симоне Моро и Давид Гетлер во тимот на Норт Фејс официјално се откажа од обидите за прво зимско освојување на Нанга Парбат, 9-тата највисока планина на планетава која никогаш не била качена во зима. 

Првично беше објавено дека трите експедиции, оваа на Норт Фејс, соло акцијата на италијанецот Даниеле Нарди на диамирската стена и полската експедиција составена од Томас Мацкиевич и Павел Дунај се имаат вратено во базниот камп, но спортивно на првите објавувања дека сите екпедиции се повлекуваат следи веста дека полјаците остануваат да прават уште еден последен обид.

Томас Мацкиевич - една половина од полската експедиција

Во план ги имаат овие денови за одмор во базниот камп, духот во екипата е на одлично ниво, а како што велат тие, доста добро се расположени, имаат енергија и добро се аклиматизираат. Тие велат дека имаат доволоно ресурси и опрема оставена од Симоне Моро во логорот 3 и 4 која ќе им се најде за да направат напори за последниот обид. 

Во декември минатата година, Нанга Парбат не беше гостопримлива ниту за уште една експедиција составена од Ралф Дујмовиц и Дариус Залуски која се откажа поради слични причини. Со ова, планината досега отфрли три експедиции, но не и полската која детално ја следиме. 

Полската експедиција во 1996/97 година предводена од „таткото“ на зимското качување Андреј Завада останува најблизу до искачување на оваа опасна планина. Тогаш, тимот составен од дуото Крзистоф Панкиевич и Збигниев Трзмиел, ја менува тактиката и се префрла од Рупалската на Диамирската стена каде ги поставија трите кампови во јануари, последниот на 6700 м.н.в. 

Наредниот месец го поставуваат нивниот четврти камп и на 11ти февруари го прават последниот обид да го освојат врвот. За жал, поради смрзнатини тимот е натеран да се врати на само 250 метри оддалеченост од врвот на некои 7700 м.н.в. Тимот беше евакуиран со хеликоптер од базниот камп.

После овој неуспех Завада изјави: 

  • „Не би сакал да коментирам за колку малку го испуштивме врвот. Наместо тоа, би прашал, кога одиме назад? Дали сакаме да го трошиме нашиот напор и искуство на таа голема, убава, но многу тешка планина? Дали Пољаците ќе бидат први што ќе ја освојат Нанга Парбат каде што бевме на само 300 метри од врвот?“
05 Март 2014

За авторот