Пријавувањето за Европскиот јуниорски куп и националното триатлон првенство во Охрид започна!

Пријавувањето за Европскиот јуниорски куп и националното триатлон првенство (06-07 јули 2019г.) во Охрид започна!

Покрај Европскиот јуниорски куп на кој ќе можат да учествуваат натпреварувачи селектирани од националните федерации, на истиот ден ќе се одржи и националното триатлон првенство кое ќе биде отворено за СИТЕ КАТЕГОРИИ.

Натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраст:
-Сениори (1999 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
-Рекреативци (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
1.категорија – родени 2003-1990г.(29-години и помлади)
2.категорија – родени 1989-1980г.(30-39 години)
3.категорија – родени 1979-1970г.(40-49 години)
4.категорија – родени 1969г. (50+ години)
-Кадети (2004-2006): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање
-Деца 2 (2007-2010): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање
-Деца 1 (2011 и помлади): 75м пливање, 2км велосипед, 0,5км трчање

Регистрацијата ќе се врши преку Smart Race и истата се затвора на 01.07.2019 23:59:59.
Сe гледаме во Охрид!