Наслов

Премиера на документарниот филм Виа Динарика – Македoнската Авантура

Документарниот филм „Виа Динарика – Македнската Авантура", во продукција на Мастсидониа и Диверс Филм Продакшн во конкуренција од 180 филмски дела на автори од 40 земји е избран за финалист и на 28 октомври 2019 година, во Кино Милениум во 19 часот и премиерно ќе го отвори 10-тото јубилејно издание на планинскиот филмски фестивал ЕХО.

Мастсидониа, како имплементатор на потпроектот Виа Динарика Северна Македонија и дел од Проектот за Локална и Регионална Конкурентност работи на развивање и промоција на Виа Динарика во Северна Македонија со фокус на локалните заедници и нивниот одржлив развој. Како дел од промотивните активности на проектот е и продукцијата на овој документарен филм.

„Виа Динарика – Македонската Авантура" следи четири лични авантуристички приказни испреплетени на Виа Динарика во Северна Македонија, поврзани меѓусебно преку нивната љубов кон природата, планините, традицијата и нивната страст да го споделат тоа со светот.

Филмот е во режија на Сергеј Георгиев, продуценти се Александар Донев и Самир Љума, директор на фотографија е Самир Љума, за камерата и дронот е одговорен Андреј Ѓорѓиевски а монтажата е на Андреј Ѓорѓиевски и Сергеј Георгиев.

 

27 Октомври 2019

За авторот