Потег на месецот на АК 8

АК – осмица се кул алпинистичка дружина која низ нашава држава и надвор од неа имаат супер активности на полето на алпинизмот, планинарењето, скијањето и уживањето во природа. Овој викенд, дел од нивните членови по некоја случајност направија еден убав хуман потег спасувајќи кученце заглавено на Орлови Карпи на Шапка. 

Приказната оди вака. Во саботата Христо Ежовски и Антониа Сарделиќ правеле тренинг во еден од кулоарите на Орлови Карпи, но до местото на пристап во кулоарот ги следело некое кученце уште од Попова Шапка. 

Дечкиве си тргнале нагоре и го оставиле малото кученце позади надевајќи се дека ќе си го пронајде патот кон дома, но тоа се уплашило и останало цела ноќ на тоа место над снегот да бивакува без соодветна опрема 🙂

Среќа, наредниот ден Маја Мухиќ, Методи Чилиманови и Благоја Китановски отишле да го повторат истото качување. Го нашле кученцето и направиле мала спасувачка акција на истото кое било премрзнао и преплашено од поминатата ноќ. 

Браво екипа, секоја чест за ваквите хумани! 

Целата вест можете да ја прочитате тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија