Комерцијален текст

POLLEO SPORT ја отвори втората продавница

Регионалниот лидер во индустријата за спортска исхрана и опрема Polleo Sport ја отвори втората продавница во центарот на Скопје, на булеварот Кочо Рацин (Југо Дрво), во близина на Олимпискиот базен.

Купувачите имаа можност да се дружат со бренд амбасадорите на Polleo Sport кои застанаа позади касите во новата продавница за да ги услужат. Во улога на Polleo Sport експерти се појави Елена Ристеска како заштитно лице на брендот во Македонија, како и најдоброто лево крило во ракометот Дејан Манасков, фитнес инструкторот Марио Јовановски, нашиот најбрз пливач Мартин Стефановски, пилатес инструкторката Јасна Лековска, ТВ водителките Милена Антовска и Јелена Спенџарска, поранешната Мис на Македонија и топ модел Симона Станковска, атлетичарот и модел Дарко Петковски – Спејко, и основачите на клубот за улично вежбање Бар Гладијаторс, Роберт Ангеловски и Даниел Каранфиловски, под надзор на вистинските Polleo експерти.

Сите посетители имаа можност да дегустираат протеински шејкови од премиум брендовите кои можат да се најдат во продавницата и да купуваат био и здрава храна, витамини, минерали, суплементи, фитнес опрема, облека и обувки по специјални цени. Оние кои беа најбрзи добија Лав Клуб картички за лојалност кои им овозможуваат купување со попуст во продавниците на Polleo Sport. Првите 15 купувачи добија картички за 15% попуст, а следните 100 добија картички за 10% попуст. 

Polleo Sport е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана во регионот. Долгорочните планови на компанијата вклучуваат отворање на повеќе од 10 продажни центри низ Македонија до 2018 година. На полиците во Polleo Sport продавниците може да се најде широка палета на производи од познатите Under Armour, Optimum Nutrition, My Protein, Scitec Nutrition, Naturya, Garmin, Atleticore, Everlast, Bad Boy, Bad Girl, QNT, BSN, MVP, My Nutrition, TRX, Kineta, Zoe Leggings, и многу други. Polleo Sport е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.