Покана по повод светскиот ден на физиотерапевтите 2018
Со големо задоволство и чест сакам да ве поканам во името на сите членови и колеги физиотерапевти да бидете дел од одбележувањето на Светскиот ден на физиотерапевтите 2018.
Се надеваме на ваше присуство и заедно да им дадеме мотив на сите македонски физиотерапевти да бидат истрајни во постигнувањата на своите цели.
Македонското физиотерапевтско здружение во својата прогрaма по повoд овој ден има предвидено и доделување на благодарници за своите пријатели и колеги, затоа ќе ни биде драго да бидете со нас и лично да ви се заблагодариме за вашата долгогодишна подршка. Во прилог ви ја испраќам и официјалната програма на настанот.
Светскиот ден на Физиотерапевтите 8-ми Септември
World physical therapy day 2018
07/09/2018 ЕУ-инфо Центар Скопје од 11:00 – 13:00 часот
ПРОГРАМА
- 11:00 Отварање на настанот –Сци.ФТ Никодин Велјаноски – потпретседател
- 11:10 Обраќање на претседателот Дипл.ФТ Блаже Арсов
- 11:20 Обраќање на Др.Венко Филипче министер за здравство на Република Македонија
- 11:30 Обраќање на пациент со цистична фиброза
- 11:40 Обраќање на пациент со мултипла склероза
- 11:50 Обраќање на претставник од ЕУ делегацијата
- 12:00 Обраќање на пациент со ретка болест
- 12:10 Доделување на плакети на колеги
- 12:20 Благодарници за спонзори
- 12:30 Дружење со гостите и коктел
Со почит,
Блаже Арсов /Blazhe Arsov
Претседател на Македонско физиотерапевтско здружение /
President of Macedonian society of physiotherapists