Поен за паметење
Викторија Павлович од Белорусија и Германецот Тимо Бол го освоија златото на Европското првенство во пинг понг кое се одржа во Хернинг, Данска.
Ова е втора титула на Павлович а шеста за Бол, но тоа не предизвика толку големо внимание како дуелот меѓу Тимо Бол и Хрватот Андреј Гачина кој остана забележан по вкупно 27 удари на топчето.
По натпреварот Бол изјави:
“Последната топка беше фантастична, никогаш не сум играл вака, иако знаев дека ќе биде тешка игра. Ганчина ме совлада во Бундес лигата и знаев дека доаѓа во добра форма“, изјави Бол.