Наслов

Победници на ЕХО - Фестивал на планински филм 2017

На последниот фестивалски ден (петок - 27.10.2017 година) во киното Фросина беа прогласени победниците во неколкуте различни категории на конкурси во склоп на ЕХО - Фестивалот на планински филм 2017. 

И оваа година фестивалот имаше отворено два конкурси за најдобра фотографија и кратко видео, а покрај овие беа доделени и признанија за најдобар краткометражен и долгометражен филм од официјалната програма на фестивалот. 

Трочленото жири составено од Дарко Андоновски, Алесио Ликуори и Димитар Петровски ги избраа следните три најдобри фотографии од вкупно 10-те финалисти. 

1 место - Karadzica Peaks Автор: Доријан Миловановиќ

2 место - At 6AM/Во 6 часот наутро Автор: Елена Маркова

3 место - Into the darkness Автор: Марјан Темовски

Трочленото жири кое работеше на филмскиот сегмент од фестивалот составено од Ендру Гудспид, Професор Др. Ферид Мухиќ и Влатко Галевски, пак, имаше задача да ги одбере најдоброто кратко видео од конкурсот, како и најдобрите краткометражни и долгометражни филмови. 

Најдобро кратко видео - „Очи” - Александар Панајотов

За најдобро видео беше одбрана инспиративната и длабоко емиционална приказна која се обработува во видеото насловено како „Очи” на Александар Панајотов (читајте повеќе тука), а специјална одлика доби видеото HIKE & FLY на Горан Кузмановски. 

Специјална одлика - HIKE & FLY Горан Кузмановски

За најдобар краткометражен филм беше избран фантастичниот Being Hear на Палмер Морс, а Гранд При наградата за најдобар долгометражен филм ја доби Одметник - Легендата за Фред Беки на режисерот Дејв О'Леск. Специјална одлика доби филмот Во Гора на Енди Колет со кој и беше затворено ова издание на ЕХО.

28 Октомври 2017

За авторот