Планинска спасителна служба – Охрид

Промотивно видео за Планинската Спасителна Служба при Црвен Крст – Охрид која овие две години преку проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам” беше модерно опремена и подготвена за подигнување на нивото на безбедноста на туристите и локалното население како и за дополнително развивање на регионот како туристичка дестинација.

На 10 јули оваа година во Охрид беше направено свеченото отворање на првиот оперативен и тренинг центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст за интервенции на планина и непристапни терени, кој ќе делува трансгранично.

Минатата година направивме интервју со раководителот Антонио Додевски каде тој ни откри повеќе на оваа тема.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија