Наслов

Планинарски предизвик 12 врвови - Рекапитулација на сезона 2016/17

Македонија е земја чии што три четвртини (75%) од територија ја сочинуваат планини кои во себе кријат најразновидни природни убавини, географски и растителни појави и реткости. Не постои подобар начин за истражување, изучување и уживање во природните убавини на една земја, од планинарењето.

Преку спој на планинарството, спортувањето, дружбата, а со цел да ги дознаеме, истражиме и уживаме сите (не)познати убавини на Македонија се решивме да го започнеме Планинарскиот предизвик „12 Врвови".

Со заедничи напори и сили Планинарско Друштво Трансверзалец, Единствена Македонија и Алгасан го реализираа овој проект и продолжуваме понатаму и оваа сезона која штотуку започна со нови 12 врвови.

Целиот проект прикажан низ бројки на видеото!

30 Октомври 2017

За авторот