Наслов

Пекиншкиот маратон засенет од смог

Иако мерните единици за состојбата на воздухот овој викенд покажуваа далеку надминати вредности на загаденост во Пекинг, организаторот не го откажа, ниту пак помести датумот на маратонот, а десетици илјади тркачи дојдоа да присуствуваат. 

На само еден ден откако владата објави мерки за заштита на граѓаните поради екстремните нивоа на загадувачки честички во воздухот во Пекинг се одржа 34-от интернационален маратон на кој учествуваа голем број на луѓе. 

Пекинг вчера и за негови стандарди беше премногу загаден. Според мерните единици овој викенд градот имал просек од 344 микрограми на PM скалата (според СЗО, за безбедни по здравјето на човекот се сметаат не повеќе од 25 микрограми), а центарот за мониторирање на загадувањето изнесе предупредување за сите болни и стари лица, но и за оние кои планираат било каква физичка активност на отворено.

Сепак, и покрај сознанието за екстремно лошите услови, особено за трчање на еден маратон, организаторот под изговор дека е веќе премногу доцна поместување или откажување на настанот дозволија десетици илјади луѓе да се изложат на сериозни количини на смог и загадување. 

Заштитна маска: пред и потоа

Повеќето од учесниците нормално носеа заштитни маски, а обезбедени беа и преку 140,000 сунгери за чистење на кожата на луѓето од валканите налепи кои се собираа по целото тело. 


 Сигурно ќе Ве интересира: КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД СМОГОТ ДОДЕКА СТЕ АКТИВНИ 


Гирхај Бирхану Гебру од Етиопија победи во машка категорија (втора година по ред) со време од 2:10:42, а неговата сонародничка Фатума Садо Дерго победи од жените со 2:30:03.

Овие резултати беа засенети откако натпреварувачката Гонг Лихуа од Монголија, која заврши трета во женска конкуренција се бореше за воздух по крајот на трката.

20 Октомври 2014

За авторот