Наслов

Пара-Снежинка - финале

Пара-Снежинка e неофицијална крос кантри лига во Словенија. Се оддржува од Октомври до Март, благодарение на приморската клима во западниот дел на Словенија која овозможува услови за летање и преку зима. Последната трка од оваа лига беше закажана за последниот викенд од зимата. Прогнозата покажуваше сончево време со умерен ветер од Југо-Источен правец.. Конечно летање!

Полетувалиште Коњска Гора

Иако овие трки се оддржуваат во приморскиот регион на Словенија овој пат организаторот реши финалето да биде во Северо-Источниот, со тоа и начинот на летање се менува, тука нема да можеме да го користиме сртот за едрење, туку ќе мора внимателно да ја одбереме својата рута по рамницата или по малите ридови на север.

Супер идеја! Ова не може да значи ништо друго освен истражување на нови места за летање и авантура. Конактирав локален пилот кој искочи дека е еден од новата надеж во Словенија и тргнавме во потрага на збирното место. Бидејќи лигата има флексибилен распоред не сите можат да присуствуваат на трките а сега со пресвртот во локацијата на финалето бевме уверени дека нема да има посетеност поголема од едноцифрена бројка. Не само што не беше едноцифрена бројка туку и беше присутен целиот национален тим на Словенија. Имиња како Јури Видич, Јошт Напрет, Примоз Суша, Душан Орож, Марко Новак... not your everyday flying saturday.

Се натоваривме во неколку комбиња и тргнавме накај местото за полетување со име Коњска Планина и да, по пат имаше голема група јавачи во целосна каубојска опрема, ок јасно е од каде потекнува името. Кога стигнавме не чекаше стрмен старт со ветер ниту премногу јак ниту премногу слаб таман како што треба.

За кратако имавме брифинг потоа следуваа нервозни титкања од инструментите додека ја внесувавме рутата и конечно време за летање. Бевме нешто повеќе од 30 пилоти во воздух и пополека почнавме да летаме се повисоко и повисоко во така наречените blue thermals. Конечно во мојот живот успеав да се наместам во добра позиција за старт, веднаш под Јури Видич кој леташе на EN-C параглајдер. Ја започнав трката со голема група и се изгледаше супер додека не направив два непотребни курга во многу слаба термика, потоа лидерите беа само мали фигури далеку во сивото небо.

Не успеав да ја зголемам својата висина па план Б беше да останам во група. Успеав да забележам еден параглајдер на север веднаш до еден од многуте ридови како се качува во термика и веднаш му се придружив потоа уште еден пилот и сега бевме група од 3ца. Дојдовме до висина доволна за да едриме на следниот срт и се упативме кон втората точка. Имавме одбрано посигурна линија преку неколкуте ридови каде што веројатноста да има термика е поголема, како и да е тоа не беше сличај со оние на врвот кои тргнаа по скратен пат преку рамницата. Низ целиот лет не успеав да се качам повисоко од 1300 метри надморска висина но тоа не изгледаше како голем проблем бидејќи успеав да се движам по рутата и без висината.

Дефинитивно различно летање од она на што сум навикнат од Македонија. Набрзо почнавме да се доближуваме до уште еден старт на соседната планина и бидејќи имаше многу други пилоти бев сигурен дека ќе најдам термика и ќе можам да ја продолжам рутата. Многу брзо видов дека нема да биде толку лесно, термиките беа искосени и многу слаби, тоа што успеав да го најдам ме носеше врз терен каде што слетувањето нема да биде воопшто интересно. Повеќето пилоти исто така не успеаа да најдат термика и тргнаа да ја фатат следната точка па на слетување. Јас останав да барам термика и набрзо слетав во селото Кланци. Веднаш ми се придружи Тимотеј (трет во спортска кала) и два пилоти од Хрватска од кои едниот победи во спортската класа.

http://xcglobe.com/olc/index.php/catalog#si&flights&1828901&map

Изгледаше како ова да е најдалеку што можевме да стигнеме на нашите EN-B глајдери. Имаше 3 Enzo глајдери во цел и еден 777 King летан од креаторот Урбан Валич. Најдобро пласиран глајдер од спортската класа беше Јури Видич на 35тиот километар. На почетокот на денот условите изгледаа многу подобри за подоцна да се испостави дека нема да биде баш лесно да се прелета трката. По кратка прошетка до локалната "кооперација" ни дојде превозот и тргнавме кон збирното место.

И за време на овој лет како и за време на сите други многу работи можеа да се направат подобро, можеби малку повеќе стрпевливост за време на летањето во термика или повеќе летање со група, најверојатно и двете, се уште не е лесно како што звучи. Можеби и тоа е една од клучните работи што создаваат завист од овој спорт, секогаш може да се направи подобра одлука од онаа која сте ја направиле.

Прогласување на побединици

Следната Пара-Снежинка ќе биде на есен и сигурен сум дека тогаш ќе имам поголеми шанси за подобар резултат.

Вкупни резултати

П.С. повеќе за претходната трка од оваа лига тука

23 Март 2016

За авторот