Наслов

Олимписки семинар по спортска медицина

Македонскиот олимписки комитет (МОК) со големо задоволство известува дека на 25 и 26 септември 2015 година (петок и сабота), Здравствената комисија на МОК ќе организира семинар по спортска медицина кој ќе се одржи на Универзитетот на туризам и менаџмент во Скопје.

Во насока на зачувување на здравјето на спортистите како приоритет во секој Олимписки и спортски план и програм за работа, Здравствената комисија на МОК ги покани и меѓународните предавачи, професор Кристина Цицибику и професор Лина Ваисетаите да ги споделат со нашите експерти по спортска медицина и нашите спортски психолози, најновите достигнувања од овие области кои се применуват на светско ниво. Предавање ќе одржат и националните експерти по спортска медицина презентирјаќи ја својата работа и стекнати искуства на национален и меѓународен план.

Веруваме дека Националните спортски федерации и другите поканети спортски и образовни институции ќе испратат свои претставници на овој Олимписки семинар со што ќе докажат дека здравјето на спортистите е во преден план во нивните агенди.

ОЛИМПИСКИ СЕМИНАР ПО СПОРТСКА МЕДИЦИНА
Д Н Е В Е Н Р Е Д

Петок, 25.09.2015

16:00 - 16:10 Отворање на семинарот – Претседател на МОК, д-р Васил Тупурковски
Претседател на Здравствена комисија на МОК, д-р Зоран Ханџиски
16:10 - 16:40 Допинг субстанци во суплементите и нутрицизмот; можен ризик за спортистите и за јавното здравство - Проф. д-р Кристина Цицибику
16:40 - 17:20 - Спортска психологија и развојниот период на адолесецентите-спортисти во
процесот на постигнување на врвни резултати
Проф. д-р Ленче Алексовска Величковска
17:20 - 17:35 Дискусија
17:35 - 17:50 Кафе пауза
17:50 - 18:50 Менталнa психолошкa подготовка пред големи спортски натпревари (ЕП, СП, ОИ) - Проф. Лина Ваисетаите
18:50 - 19:20 Рецепт за вежбање за здравје - EFSMA (Европска Федерација на Асоцијации по Спортска медицина) - Доц. д-р. Зоран Ханџиски
19:20 - 19:40 Дискусија
19:45 Коктел

Сабота, 26.09.2015

10:00 - 10:30 Консензус за користење на плазма богата со тромбоцити (PRP) во спортската
медицина - Д-р Ели Ханџиска, Д-р Мимоза Миленкова
10:30 - 11:00 Хируршки третман на преден вкрстен лигамнт во спортот – Д-р Христијан
Костов
11:00 - 11:30 Најнова генерација на биоактивни проколагенски пептиди – светски
исктуства со CH Alpha во спортската медицина – Д-р Александар Генчов
11:30 - 11:45 Дискусија
11:45 - 13:00 Пауза за ручек
13:00 - 13:30 Допинг стапици и ДТУ процедура во спортот – Д-р Илија Стоилов
13:30 - 14:00 Физичка активност и дијабет – Доц.д-р. Зоран Ханџиски
14:00 - 14:30 Дискусија
14:30 Доделување на дипломи

Пријавување на mok@mok.org.mk

 

22 Септември 2015

За авторот