ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ОТВОРЕНО!

Биди дел од првото издание на Охрид Треил – пријавувањето е отворено!

Заокружете го датумот и потврдете ја вашата следна планинска авантура со уникатен поглед на нашите двете прекрасни езера – Охридско и Преспанско. 

Охрид Треил ќе се одржи викендот на 25-26.05.2019 и оваа година ќе биде составен од две трки во планинско трчање. Долгата дистанца ќе изнесува 60 километри со 3200 висински метри искачување. Патеката стартува од манастирот Св. Наум, потоа ќе следи стрмно искачување до врвот Кота Ф10 и Магаро откаде ќе се оди по целиот гребен на планината. Тркачите истотака ќе имаат можност да ги искачат врвовите Лако Сигној и Бугарска чука откаде ќе уживаат во погледот на двете најголеми природни езера во Македонија, да минат низ карстните полиња на месноста Асан Џура и Џафа, но и да се искачат до врвот со најубавиот поглед на Охрид – Висок врв.

Од таа точка следи спуштање до селото Велестово, Билјанини извори и преку кејот, трката ќе финишира на охридскиот плоштад.

Кратката трка на 35 километри и 1500 висински метри, пак, ќе започне од пред кампот Елешец, оди до селото Елшани откаде по гребен и атрактивна планинска патека сè качува некаде пред врвот Бугарска чука и се спојува со долгата патека за финиш на истото место.

Пријавувањето е отворено на официјалната веб страна – www.ohridtrail.mk

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија