Одржано државно првенство во ултрамаратонско трчање 2019 година

Викендов во Белград се одржа 10-тото издание на трката „Маратон Маратона” во чиј склоп се одржа и државното првенство во ултрамаратонско трчање. 

На трката од 24 часа беше поставен нов државен рекорд во женска конкуренција од страна на Катерина Шиповиќ со истрчани 180 километри. Претходниот рекорд беше во сопственост на Стефани Димова со 114 километри истрчани во 2012 година.

Во истата категорија, втора заврши Ирена Митева 146км, а трето заврши Емина Димитрова со 86 истрчани километри.

Кај мажите прв беше Трајче Михов со 198 километри, втор Јовица Стојановски 177км, а трет Зоран Димов 169 километри. Трајче Михов го држи националниот рекорд со 230 километри поставен во Атина минатата година.

Покрај трката на 24 часа, се одржа и трка на 6 часа каде Сања Најдовски постави нов рекорд со истрчани 63,5 километри.

Сите резултати ќе ги најдете тука.

Повеќе инфо тука.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија